Динамо доби казна од УЕФА и без навивачи ќе гостува во Македонија или Гибралтар

Фудбалерите на Динамо го дознаа првиот противник во квалификациите за Лигата на шампионите. Тоа ќе биде победник од двомечот во кој се среќаваат македонскиот шампион Шкупи и гибралтарскиот Линколн Ред Импс.

Првиот натпревар од  второто квалификациско коло во елитното фудбалско натпреварување е закажан за 19 или 20 јули, додека реваншот на прогрмата е на 26 или 27 јули. Првиот натпревар се игра на „Максимир“, а хрватскиот шампион во реваншот ќе биде гостин. Токму на овој натпревар, во кој може да се потврди европската есен, Динамо ќе игра без поддршка од своите навивачи.

Имено, до адресата на „модрите“ стигна казна за поранешен грев. По натпреварот со Севиља во Шпанија, Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Динамо со 30.000 евра и забрана на еден натпревар за навивачи на гостински натпревар. Со оглед на тоа што Динамо испадна од Севиља, првото гостување ќе го има против Шкупи или Линколн Ред Импс.