ВИДЕО: Динамо без Адеми се справи со Вараждин и победнички ја заокружи сезоната

Динамо

Динамо Загреб победи во последното коло на домашен терен против екипата на ВСНК Вараждин (2-0).

Домаќинот искористи две шанси во првиот дел, а потоа рутински го одработи вториот дел и запиша три бода. Мајер отвори уште во 9. минута, а пред паузата Цузе се запиша во листата на стрелци и го постави конечниот резултат.

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми не беше во конкуренција за денешната средба.

  • Извештај од натпреварот: 

Загрепчани и оваа сезона беа без конкуренција и ја освоија третата титула во низа. Ривалите беа далеку зад нив, со двоцифрена негатива во поголемиот дел од сезоната.