Дин Аломеровиќ од Работнички замина во Романија!

Македонскиот фудбалер Дин Аломеровиќ ја продолжува својата кариера надвор од границите на Македонија, откако успешно ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со романскиот прволигаш УТА Арад.

Аломеровиќ, кој настапуваше за Работнички во изминатата сезона, со своите квалитети и настапи го привлече вниманието на клубот од Лига 1, каде ќе има можност да се докаже на повисоко ниво и во далеку поконкурентна лига. Трансферот е заслуга на Мирко Ивановски, кој долги години настапуваше во неколку романски клубови.

Фудбалерот со потекло од Германија, но со македонски пасош, се покажа како еден од клучните играчи на „романтичарите“ во домашното првенство. Со трансферот во УТА Арад, тој добива нов предизвик во кариерата, а романскиот клуб добива фудбалер со интернационално искуство.