• Мартин Танасковски
Натпреварот на Академија Пандев против Зрињски Мостар го најави и дефанзивецот Диме Димов. Еден од првотимците на „пандевци“ истакна дека противникот е по мерка, но очекува тежок натпревар и голема борба.
„Добивме противник по мерка. Сигурен сум дека не очекува еден тежок натпревар. Ние сме дебитантни на европската сцена. Искуството е на страната на противникот. Во нивниот шампионат Зрињски има освоено шест титули. Тие се фаворити, но мислам дека ако ги исполниме сите задачи, ќе дојдеме до позитивен резултат. Сакаме да се задржиме што повеќе на меѓународната сцена“, изјави Димов.
Академија Пандев својот прв натпревар на европската сцена ќе го игра в четврток од 19:00 часот на Арената „Тоше Проески“ во Скопје, а билетите се веќе во продажба и чинат 100 денари.