• Иван Димовски

Доскорешниот капитен на Академија Пандев, Диме Димов по крајот на сезоната во ПМФЛ реши по седум години да замине од Струмица.
Дефанзивецот замина на својот прв интернационален предизвик и ќе игра за екипата на Локомотив Софија во првата лига на Бугарија. Димов веќе е промовиран во дресот на новиот клуб, парафира договор на две години и веднаш ќе се стави на располагање за стартот на подготовките.
Во својата кариера Димов пред Академија Пандев играше за Хоризонт Турново во Струмица, а имаше и епизоди во Гостивар и Кожуф. 28-годишниот стопер потекнува од фудбалската школа на Металург, клуб во кој дебитираше во ПМФЛ пред десетина години.