Димов и покрај солидната полусезона заминува од Локо Софија

Македонскиот интернационалец Диме Димов во новата сезона ќе има нов клуб затоа што си заминува од редовите на бугарскиот прволигаш Локо Софија.

30-годишникот беше дел од Локо од 2023 година, а пристигна од Академија Пандев, сегашна Брера Струмица. Во брзо време се афирмира како првотимец, а во последната полусезона ги одигра сите натпревари за бугарскиот клуб.

За една и пол година во Локо Софија, Димов забележа 56 настапи, а заради добрите изданија во неколку наврати беше во тимот на колото. Зад своето име Димов запиша и еден гол, двапати беше играч на натпреварот.

Покрај за Локо Софија и Академија Пандев, Димов настапуваше и за Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.