• Горан Упале

Поранешниот капитен на Брера Струмица, Диме Димов, летово ги промени клупските бои и се пресели во соседна Бугарија. Се чини дека го направи вистинскиот потег, затоа што бележи солидни партии и е незаменлив во одбраната на Локомотив Софија.
Викендов Локомотив и Димов беа пред голем предизвик, затоа што им гостуваше тимот на Черно Море, во чии редови настапува најдобариот стрелец во лигата Илиев, но нашиот дефанзивец одигра фантастичен натпревар и неговиот тим се избори за голем бод од ова соочување.
Димов досега беше стартер во сите дванаесет кола, а на стартот од сезоната беше избран во тимот на колото во прволигашкото друштво во Бугарија.