Димоски може да замине од руски Акрон, има интерес од други европски лиги

Македонскиот репрезентативец Бојан Димовски во новата година може да има нов клуб, затоа што постои опција да го напушти руски Акрон Тољати порано од предвиденото.

23-годишниот бек кој се афирмира како македонски репрезентативец под водство на Благоја Милевски пристигна во Акрон во јули 2023 година, а за него ова беше прва интернационална станица.

Димоски има договор со Акрон до 2026 година, а за преостанатите месеци доколку дојде до разделба ќе добие обештетување. За фудбалерот постои интерес од неколку европски лиги, а како следна можна станица се Романија, Словачка и Унгарија.

Бојан Димоски почна со сениорскиот фудбал во Вардар, со кого стана шампион на Македонија. Настапуваше уште и за Брера Струмица. За Македонија има вкупно 18 настапи.