Димоски ќе добие повик од Милевски, се очекуваат и нови дебитанти

Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на јуни ќе одигра дури четири натпревари во рамките на Лигата на нациите. Селекторот Благоја Милевски во наредниот период треба да го објави списокот на фудбалери за предизвиците, а Академија Пандев се пофали дека добива А-репрезентативец. 

Бојан Димовски ќе се најде на списокот на сениорската репрезентација на Македонија, откако одигра одлична полусезона во дресот на „пандевци“. 20-годишникот бргу ги надмина проблемите и заздраве по операцијата, па покажа одлична форма. За Академија Пандев, Димоски на 14 натпревари во ПМФЛ постигна два гола и запиша седум асистенции. 

Покрај Димоски, се очекува на списокот на Милевски да се најдат уште неколку млади играчи кои ќе имаат шанса за дебитантски настап за А-тимот. Дел од носителите на играта во У21 репрезентацијата на Македонија, не се најдоа на списокот на Канатларовски, па се очекува да добијат повик од Сер Боби.