Димоска и Белистојаноска ѝ донесоа победа на Македонија кај Кипар

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години одигра тест-натпревар во мартовскиот термин со Кипар на кој успеа да победи со 0-2.

Нашите девојки беа далеку подобар ривал од противникот и успеаја да го добијат натпреварот со два постигнати погодока во противничката мрежа. Победата за Македонија на гостувањето ја донесоа Теодора Димоска и Марија Белистојаноска. Одлична беше и Рабиа Дервиши која изнуди пенал а потоа и асистираше.

Оваа генерација на Македонија се подготвува за квалификациите за ЕП кои се играат во октомври. Девојките до 19 години се наоѓаат во група со Финска, Унгарија и Молдавија и ќе настапат на турнир кој ќе биде во домаќинство на Унгарките.

Македонија до 19 години: Суарта Речи, Гегова Драгана, Ѓорѓиевска Теодора, Ѓорѓиевска Марија, Јошевска Христина, Надица Костеска, Дервиши Рабија, Димоска Теодора, Николова Ивана, Белистојаноска Марија, Живиќ Јулија; Играа уште: Петровска Анита, Митревска Сања, Далческа Валентина, Петровска Теодора, Положани Синдис, Костадинова Цветанка, Јовановска Јасмина.