Димоска единствен стрелец, Македонија го загуби првиот тест со Косово

Македонската фудбалска репрезентација доживеа пораз од Косово (1-3), на првиот од двата контролни меча на гостински терен.

На стадионот во Ѓаково, нашата А-селекција загуби од противникот, а единствен стрелец на натпреварот за Македонија беше Теодора Димоска од Тиверија Струмица.

Македонија и Косово ќе одиграат уште еден пријателски натпревар за два дена, а стадионот на кој ќе се одргра средбата наскоро ќе се одреди.

Пред извесен период Македонија предводена од селекторот Кирил Изов одигра пријателски двомеч со Косово, а на двата меча нашите фудбалерки забележаа реми (0-0) и пораз (0-2).