Димитриевски остана на клупата во поразот на Рајо во Билбао

Атлетик Билбао

Македонскиот голман Столе Димитриевски не беше дел од новиот пораз на Рајо Ваљекано на гости кај Атлетик Билбао (3-2) во рамките на 32. коло од Примера.

Исклучувањето на Луис Андвинкула им го олесни патот до победата на Баскијците, кои постигнаа два гола во вториот дел за заверка на трите бода.

  • Извештај од натпреварот: 

По првото полувреме резултатот беше нерешен, по головите на Ињаки Вилијамс за домаќинот и Алекс Морено пред паузата за гостинот. Раул Гарсија промаши пенал и беше трагичар на Атлетик по првите 45 минути.

Затоа шпанскиот фудбалер се извади во завршницата, постигнувајќи го третиот гол во мрежата на Рајо. Претходно, победата ја најави Вилијамс, кој со многу среќа стигна до вториот погодок на натпреварот. Десеткуваната гостинска екипа успеа да постигне уште еден гол преку Раул де Томас, со кој ја спаси честа на овој натпревар.

Овој пораз за фудбалерите од Ваљекас е чекор назад во борбата за опстанок во која сега заостануваат четири бода од местата во сигурната зона.

Хетафе со гол во судиското надополнување со човек помалку спаси бод во Ваљадолид (2-2). Хорхе Молина е херојот на гостите од Мадрид. Претходно за домаќините погодија Серџи и Енес Унал, а за гостите Арамбари.

  • Извештај од натпреварот: 

Екипата од Мадрид сега заостанува зад Севиља, која со вчерашниот триумф во градското дерби се искачи на четвртото место.