Димитриевски во борба за МВП на колото во Сегунда

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е во борба за најдобар играч на колото во шпанска Сегунда, по мечот од 30. коло и големата победа кај Гранада.

Гимнастик успеа да победи со 1-0 на гостувањето кај една од екипите која се бори за влез во Примера, а херој на тимот беше токму Димитриевски, кој имаше неколку одлични интервенции и воедно одбрани и пенал во 87. минута од натпреварот.

Димитриевски води во анкетата на шпанска Сегунда, а ривали му се Мула (Тенерифе), Алваро Гарсија (Кадиз), Кармона (Спортинг Хихон) и Алења (Барселона Б).