• Саше Љолес

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, ги започна подготовките со екипата на Валенсија и наскоро ќе го гледаме во новиот дрес после цели шест години минати во Рајо Ваљекано.
Нашата „единица“ неодамна го комплетираше трансферот кај „лилјаците“ и се очекува да биде прв избор на голманската позиција, па веќе се аклиматизира во новата средина, заедно со новите соиграчи.
Валенсија ја заврши минатата сезона на деветтата позиција и не избори пласман во евро-куповите, но во следната кампања сигурно амбициите ќе бидат многу повисоки.