• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано беа на прагот на важна победа во Примера, ама повторно не успеаја. На гостински терен тимот одигра реми со Гранада (2-2) и така десет меча нема победа во сите конкуренции.
- Гранада - Рајо Ваљекано 2-2:
Последниот триумф на Рајо во Примера е во месец јануари, оттогаш екипата не знаеше за победа. Од најголемо изненадување на полусезоната, Рајо падна во втората половина на табелата и да не беа бодовите од претходно, сега тимот ќе стравуваше за опстанокот.
Во првото полувреме за Рајо Ваљекано стрелаа Катена и Гвардиола во 6. и 17. минута, а во вториот дел, откако Рајо остана со играч помалку поради втор жолт на Комесана, Молина намали на 1-2 и Гранада почна да притиска. Сепак, Димитриевски беше солиден меѓу стативите, не дозволи изедначување, пред се со две добри одбрани во 72. и 80 минута, ама во самиот финиш Катена направи пенал, а Миља ги постави конечните 2-2. Потоа, во 97 минута Димитриевски повторно го спаси Рајо Ваљекано.
Вториот натпревар меѓу Валенсија и Кадиз заврши без голови.