ВИДЕО: Димитриевски повторно на клупата, Рајо и Хуеска поделија по бод

Во дерби натпреварот на дното, во рамките на 33. коло во Примера, фудбалерите на Рајо Ваљекано на „Ваљекас“ ремизираа со Хуеска (0-0). За тимот на Рајо на денешниот натпревар повторно меѓу стартерите не беше нашиот Столе Димитиевски, кој веќе трет натпревар по ред е надвор од почетните единаесетмина.

Првиот дел мина во доминација на домаќините, кои поголемиот дел вршеа притисок врз последната линија на гостите, но на одмор се замина со почетните 0-0.

Во 52. минута Раул Де Томас ја погоди гостинската мрежа, но по прегледот на ВАР, погодокот беше поништен поради офсајд. Во продолжение Рајо повотрно имаше повеќе од играта, а одлична шанса во 83. минута имаше Раул Де Томас, но гостинскиот голман со пантерска одбрана спречи домашно водство.

Во следното коло Рајо Ваљекано битката за опстанок ќе ја продолжи на гостински терен против Севиља, додека Хуеска ќе го пречека тимот на Еибар.