ВИДЕО: Димитриевски остана на клупата, Ваљекано со прва сезонска победа кај Хуеска

Рајо насловна

Новото засилување на екипата на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски, остана на клупата за резерви на денешното гостување кај Хуеска (0-1).

Новиот тим на македонскиот репрезентативен голман минимално се радуваше на теренот на новајлијата и по двата воведни порази, стигна до првите бодови во новата сезона во шпанскиот шампионат.

Двете екипи беа изедначени по бројот на удари и шанси пред противничкиот гол, па одлучи еден блесок на 26-годишниот Жанели Имбула. Французинот го изненади домашниот голман со удар од далечина од левата страна и на крај беше херој на Рајо во четвртото коло во својот дебитантски натпревар за екипата од Мадрид.

Фаворитите Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид ги играат своите натпревари утре, со оглед на обврските во Лигата на шампионите наредниот вторник и среда.