Димитриевски не ја менува средината и со Зидан ќе се бори за „единицата“ на Рајо

По одличните настапи на Европското првенство, на кое заврши меѓу најдобрите десет голмани, имаше најави за заминување на македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски од редовите на Рајо Ваљекано.

Сепак, новиот шпански прволигаш многу веројатно ќе го задржи искусниот голман, откако го испрати на позајмица Мигел Моро, па така Лука Зидан и Димитриевски ќе се борат за „единицата“ во тимот.

27-годишниот Македонец забележа три фантастични настапи на континенталниот собир и го привлече вниманието кај неколку шпански и италијански екипи, но ова лето најверојатно нема да менува средина. 

Димитриевски беше прва опција на Рајо во текот на целиот шампионат минатата сезона, но откако замина на подготовки на Македонија за Европското првенство, Зидан беше одличен на голот во плеј-офот и се смета за еден од најзаслужните за враќањето на тимот во Примера.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.