ВИДЕО: Димитриевски и Рајо со нова победа, на „Ваљекас“ совладана Селта Виго

Рајо Ваљекано и Селта Виго, во рамките на 19. коло во Примера одиграа извонреден натпревар со пресврти, во кој на крајот победа славеа домаќините од 4-2 (2-2).

Малиот тим од Ваљекас одлично започна и со голот на Де Томас уште во 4. минута поведе со 1-0. На тоа водство гостите возвратија со два брзи погодоци, најпрво Араухо, а потоа од пенал и Гомез го матираа Димитриевски за целосен пресврт и водство на гостите од 1-2.

Во продолжение на натпреварот се играше отворено и со шанси на двете страни, а во таквата игра поуспешни беа домаќините, кои со нови два гола на Раул Де Томас направија нов пресврт и поведоа со 3-2. Конечниoт резултат го постави Бебе во 92. минута, за нова трета победа по ред на домашен терен за малиот мадридски тим.

Во следното коло Рајо Ваљекано ќе го пречека тимот на Реал Сосиедад, додека тимот на Селта Виго на домашен терен ќе игра против Валенсија.