• Мартин Танасковски
Македонскиот голман Столе Димитриевски ги минал медицинските прегледи во Валенсија и потпишал официјално договор со клубот, јавува Фабрицио Романо.
Димитриевски важи за еден од најдобрите голмани во Примера и беше жешка тема во Шпанија затоа што му истекуваше договорот со Рајо. Како што изгледа, темата заврши, затоа што тој се договори со Валенсија.
Играчот веќе ги минал медицинските прегледи, а и ставил потпис на договор кој ќе трае до јуни 2028 година. Во Валенсија тој доаѓа како замена за грузискиот голман Мамадаршвили кој гледа кон Премиер лигата.
Столе Димитриевски имаше одлични настапи во Рајо Ваљекано, а стана и голман со најмногу настапи во историјата на клубот.