Димитриевски е рекордер – голман со најмногу настапи во историјата на Рајо!

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, прерасна во вистинска икона на шпанскиот клуб Рајо Ваљекано и веќе петта година ги брани боите на мадридскиот клуб. 

Димитриевски долго време е незаменлив меѓу стативите и се вбројува меѓу најдобрите голмани во Примера, а со настапот на мечот против Гранада стана голман со најмногу одиграни средби во историјата на Рајо. Нашата „единица“ влезе во клупските легенди и го надмина досегашниот рекордер, Нигериецот Вилфред Агбонавбаре, кој го носеше дресот на Рајо 189 пати. 

Македонецот сега има еден настап повеќе од него, но не се знае дали уште повеќе ќе ја зголеми оваа бројка, затоа што силно се шпекулира дека е пред трансфер во друг клуб од Примера или во некој од саудиските клубови. 

Столе Димитриевски пристигна во Рајо од екипата на Химнастик, а претходно настапуваше уште за Работнички, Гранада и Кадиз.