• Зоран Мишевски

Шпанското фудбалско првенство продолжи по повеќе од еден месец пауза поради Светското првенство во Катар, со натпреварите од 15. коло. Првиот декемвриски натпревар се одигра во Џирона, каде истоимената екипа одигра нерешено 2-2 (1-1) против Рајо Ваљекано.
Тимот на Столе Димитриевски брзо дојде до водство во втората минута преку Серхио Камело, но Џирона израмни пред полувремето лреку Валентино Кастељанос, кој постигна гол од пенал во 37. минута. Иса Палазон им донесе нова предност на гостите во 62. минута, но Џирона успеа повторно да израмни и тоа повторно од пенал, а голот во 75. минута го постигна Самуел Саиз.
На самиот крај Џирона можеше да ги освои трите бода, но нивниот гол беше поништен длабоко во судиското надополнување поради офсајд.
- Извештај од натпреварот:
Џирона сега има пет натпревари во серија без пораз. Се наоѓа на 12. место со 17 бода. Рајо продолжи со уште подолгата серија без пораз и со 23 бода ја зазема седмата позиција.