Димитриевски се договори со Ал-Наср, но Рајо Ваљекано сака да го задржи

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше поврзуван со трансфер во Барселона, но во последните денови шпекулациите на таа тема се смирија. 

Сепак, пред неколку дена беше најавено дека нов клуб е заинтересиран услугите на Македонецот. Саудиски Ал-Наср испрати понуда од 3,5 милиони евра за услугите на Димитриевски до Рајо Ваљекано, ама клубот сака повеќе. 

Според најавите на новинарот Руди Галети, Столе Димитриевски ги договорил личните услови со Ал-Наср. Рајо сака да го задржи својот чувар на мрежата, особено поради одличните партии оваа есен во Примера. Сепак, јасно е дека не може да му понуди финансиски услови како богатите Саудијци, па тоа може на крајот да биде пресудно. 

Димитриевски веројатно сака да замине од Рајо Ваљекано и притиска за трансфер. Иако премин во Барселона би било остварување на сонот, македонскиот голман сепак би можел да замине во Ал-Наср ако клубовите се договорат за сумата на трансферот. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк