ВИДЕО: Димитриевски одлично бранеше, но Рајо ѝ ги препушти бодовите на Џирона

Џирона

По историската победа против Реал Мадрид, фудбалерите на Џирона го запишаа вториот гостински триумф во низа во Примера. Во рамки од 26. коло, каталонскиот тим ги освои трите бода на теренот на Рајо Ваљекано (0-2) и продолжи да се искачува на првенствената табела.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски одново одигра цел натпревар во кој капитулираше двапати, доволно за неговата екипа да ја почувствува горчината на поразот.

Водечкиот погодок на натпреварот беше постигнат по половина час игра. Кристијан Стуани со многу среќа стигна до еден отпадок и во цела мешаница испрати удар кој заврши меѓу нозете на нашиот интернационалец.

Хендикепот за домаќинот се зголеми кога Абдулаје Ба заработи директно исклучување поради влечење за дрес. Противничкиот напаѓач ќе имаше шанса да постигне нов гол во дуел еден на еден со Димитриевски, што не го дозволи Сенегалецот и ги остави своите соиграчи на цедило.

Точка на одличното издание на гостите стави Стуани со својот втор гол на натпреварот на пет минути до крајот.

Рајо го нанижа петтиот последователен неуспех и се зацврсти во опасната зона за испаѓање.