• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го запиша својот прв погодок во новата сезона на Хрватската прва лига. Митровски беше стрелец за Вараждин во поразот на гостувањето кај Хајдук на славниот „Пољуд“.
Течеше осмата минута кога Македонецот се најде на вистинското место, дочека одложена топка на пеналтикот и ја смести во мрежата на домаќините.
Во продолжението Хајдук со головите на Кровиновиќ и Ливаја дојде до пресврт и победа. За тимот од Сплит на полувреме шанса доби Александар Трајковски, додека кај Вараждин на клупата останаа новите имиња Ване Јованов и Марко Младеновски.