Димитар Митровски подготвен за деби во Вараждин

Македонскиот фудбалер Димитар Митровски е подготвен за деби во дресот на хрватскиот прволигаш Вараждин.

23-годишниот Митровски во хрватскиот тим пристигна од редовите на Академија Пандев. Крилото реши да менува, па дојде шанса за нов интернационален предизвик и потпиша со Вараждин. Се средуваше документацијата во клубот, а откако целата процедура е готова, тој може да дебитира веќе во следната рунда.

Димитар Митровски како голем потенцијал на македонскиот фудбал се градеше како играч во странство. Почна во Работнички, но како млад се пресели во Германија каде играше за Ханза Рошток и Магдебург. Во 2017 година, Митровски направи трансфер во португалски Спортинг Лисабон каде ги мина У19, У23 и Б-тимот, но остана без шанса да игра за сениорите.

Крилниот играч со одличен шут за Академија Пандев изминатата полусезона одигра четиринаесет меча на кои даде три гола и уште една асистенција. Исто така настапи и во европскиот двомеч со Лехија каде беше еден од стрелците за головите на „пандевци“.