• Мартин Танасковски
Според најновите информации од хрватските медиуми, Марио Ковачевиќ во наредните денови треба официјално да биде промовиран како нов тренер на Динамо Загреб, а заедно со него може да дојде и Димитар Митровски.
Од 24 сата велат дека интересно е што токму на свечената доделба на наградите на ХНЛ, Ковачевиќ најдолго се задржал во разговор со македонскиот 26-годишен фудбалер кој е крилен напаѓач на Вараждин каде ја одигра најдобрата сезона.
Динамо активно бара засилување на позицијата десно крило, а Митровски, со своите квалитети и искуство, би можел да биде сериозна опција за тимот од „Максимир“. Сепак, се вели дека Митровски има понуди и од странство, што значи дека, доколку Динамо навистина сака да го ангажира, ќе мора да реагира брзо и решително.
Митровски за Вараждин оваа сезона настапи на 28 меча на кои даде осум гола со уште една асистенција. Добрите настапи му донесоа и повик во репрезентацијата на Македонија.
ФОТО: NK Varaždin / Facebook
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.