• Зоран Мишевски

По продажбата на Леонардо Антонио во Спартак Суботица, струмичка Брера се врати на пазарот и брзо најде замена во средниот ред.
22-годишниот Димитар Тодоровски е најново засилување на Брера за следната сезона. Тодоровски, кој е играч од средниот ред, потекнува од школата на Работнички, каде настапуваше и во изминатото првенство во кое запиша два гола и една асистенција.
Тодоровски е член и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија за која има вкупно 29 настапи.
Утрово Брера го официјализира и потписот на Антовски.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.