Диме Димов си замина од албанската Суперлига

Македонскиот фудбалски интернационалец Диме Димов е слободен агент, затоа што си замина од редовите на албански Билис каде играше во последните шест месеци.

31-годишниот стопер беше дел од албанскиот суперлигаш на вкупно 15 натпревари во една полусезона, но си заминува од екипата.

Во тимот на Билис, тој пристигна од Индонезија каде настапуваше за Персебаја. Зад себе Димов има и настапи за бугарска Локо Софија, како и македонските Брера, Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.