Диме Димов одлично се снајде во Бугарија, беше избран во тимот на колото

Поранешниот капитен на Брера Струмица, Диме Димов, од летово има нов предизвик и се пресели во соседна Бугарија. 

Искусниот дефанзивец кариерата ја продолжи во редовите на Локомотив Софија и се чини дека го направи вистинскиот потег. Димов по четири одиграни кола во тамошниот шампионат е стандарден првотимец, сите натпревари досега ги одигра од првата до последната минута и тоа на завидно ниво, па затоа беше и избран во тимот на колото во прволигашкото друштво во Бугарија.

Локомотив, пак, во новиот шампионат има половичен успех, односно две победи и два порази.