Диме Димов направи трет интернационален трансфер

Македонскиот стопер Диме Димов има нов клуб и потпиша договор со екипата на Билис од Албанија. Доаѓа како слободен, по разделбата со екипата на Персебаја од Индонезија.

31-годишниот централен дефанзивец играше важна улога во претходниот клуб и доби голема минутажа на вкупно 12 натпревари, но двете страни се раздеија на стартот на 2026 година. Димов имаше неколку понуди да остане во Азија, како и од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но одлучи да потпише во соседството.

Во Персебаја, Димов мина една година, а настапи стандардно на 29 натпревари. Персебаја беше втор странски клуб за Диме Димов по Локомотив Софија од Бугарија. Тој потекнува од школата на Металург, потоа играше за Кожуф, па преку Гостивар и Хоризонт Турново стигна до Академија Пандев. Во овој клуб се задржа најдолго, дури седум години и стана капитен, а летото во 2023 година се пресели во странство.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.