• Зоран Мишевски
Италија ги избра најдобрите во Серија А за минатата сезона. Дефанзивецот на Интер, Федерико Димарко, беше прогласен за играч на сезоната, а Интер беше прогласен за клуб на сезоната. Фудбалерот од средниот ред на Комо, Нико Паз, беше прогласен за најдобар млад играч, а Франсиско Консеисао од Јувентус беше прогласен за најдобар стреелц.
Тимот на сезоната изгледа вака: Миле Свилар (Рома), Марко Палестра (Емполи), Алесандро Бастони (Интер), Мануел Аканџи (Интер), Федерико Димарко (Интер), Хакан Чалханоглу (Интер), Скот МекТоминај (Наполи), Лука Модриќ (Милан), Нико Паз (Комо), Лаутаро Мартинез (Интер), Дониле Мален (Рома).
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, е прогласен за тренер на годината во Серија А за сезоната 2025/26 од страна на Италијанската асоцијација на фудбалери. Победниците беа одредени со гласање на играчите. Церемонијата се одржа синоќа во Милано.
39-тгодишниот Шпанец го тренира тимот од 2024 година. Минатата сезона, Комо освои 71 бод и заврши на четвртото место на табелата. Клубот се квалификуваше за Лигата на шампионите за прв пат во својата историја.

