ВИДЕО: Димарко херој на дербито, Интер преку Јувентус до Куп-финале!

Фудбалерите на Интер ќе се борат за трофејот во Копа Италија, откако го совладаа Јувентус во реванш полуфиналето со 1-0 (1-0), откако првиот дуел заврши 1-1. Пресметката на „Џузепе Меаца“ ја реши Федерико Димарко, кој уште во првиот дел стрелаше за водство, а потоа „нераѕурите“ го одбранија за славје во двомечот со лутиот ривал. 

  • Извештај од натпреварот:

По мирниот старт на „Дерби Д'Италија“, домашните успеаја да го „скршат мразот“. Николо Барела и Димарко покажаа дека се навистина добро технички потковани, па атрактивно со проигрување и шут со надворешен дел на копачката режира гол. Течеше 15. минута кога по добра акција, Барела протна топка низ одбраната, а Димарко без размислување шутна и го матира Перин за 1-0

По постигнатиот гол, Инзаги ги повлече своите фудбалери и Интер играше без ризик. Сепак, Лаутаро Мартинез можеше да даде втор гол за својот тим, меѓутоа биеше блиску до стативата. Во продолжението, Едим Џеко ја затресе мрежата на Јуве, меѓутоа имаше офсајд при акцијата и голот не важеше. 

Јувентус се обиде да се наметне, тргна да притиска и имаше контрола на топката, меѓутоа беше без идеја. По неколкуте полушанси пред голот на Андре Онана, Интер се одбрани и ја обезбеди победата во ова големо дерби во Купот. Сега, „нераѕурите“ го чекаат исходот од двомечот на Кремонезе и Фиорентина, каде што „виолетовите“ имаат двојна предност (0-2) по првиот дуел. 

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Масимилијано Алегри

    3-5-1-1