• Саше Љолес

Познатата италијанска спортска новинарка, Дилета Леона од неодамна е во врска со голманот на Њукасл, Лорис Кариус. Двојката во прво време ја криеше својата врска од јавноста, но денес убавата Дилета објави видео во кое се најавува дека вљубениот пар чека принова!
Оваа прекрасна новост решија да ја споделат со своите следбеници на Инстаграм и во видеото се гледа како двајцата се радуваат на убавите вести.
„Би сакале да ви соопштиме нешто интересно... но вие веќе знаевте, нели? Наскоро ќе бидеме тројца! Екслподираме од радост и ние и мојот стомак, наскоро ќе станеме родители“, напиша новинарката Дилета Леона.
Видеото е снимено од најдобрата пријателка на Дилета, а Лорис Кариус делува пресреќно поради веста дека ќе стане татко. Оваа објава достигна над 200.000 лајкови за само неколку часови. Двојката првпат беше видена заедно минатиот септември, но неодамна решија повеќе да не се „кријат“ од јавноста и сега многу почесто можат да се забележат заеднo.
Лорис Кариус е голман на Њукасл, а стана познат пред неколку сезони кога направи две катастрофални грешки во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Кариус тогаш беше член на “црвените“, потоа беше на позајмици во Бешикташ и Унион Берлин, а во Њукасл пристигна минатата година откако повторно ја крена својата форма.