• Зоран Мишевски

Холандскиот стручњак, Дик Адвокат вчера беше именуван за нов тренер на Спарта од Ротердам, клубот за кој настапуваше во играчката кариера. 70-годишниот Адвокат потпиша договор до крајот на сезоната и ќе го наследи Алекс Пастор.
Поранешниот селектор на Холандија во својата кариера ги водеше репрезентациите на Србија, Русија, Белгија, САД и Јужна Кореја. Адвокат во клупскиот фудбал ги водеше ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Зенит Санкт Петербург, АЗ Алкмар, Борусија Менхенгладбах и Фенербахче.
Спарта од Ротердам е последна на табелата во Ередивизие со само 11 освоени бода и пред Адвокат е тешка задача да го спречи испаѓањето од елитата.