ВИДЕО: „Диего, остави ја водата, земи го пивото!„

Антонио Конте и Диего Годин беа актери на интересна згода на прес-конференцијата по натпреварот Интер - Баер Леверкузен во четвртфиналето на Лигата на Европа во Дизелдорф.

Имено, среќни по победата и пласманот во полуфиналето на Лига Европа, тренерот и дефанзивецот на Интер се шегуваа, иако беа вклучени камерите. Конте му порача на Годин, наместо вода, да се напие пиво, кое стоеше покрај Уругваецот како симбол на еден од спонзорите на натпреварувањето.

„Остави ја водата, земи го пивото!“, порача тренерот.

Сепак, Годин возврати дека пивото е топло, а тоа се пие ладно. Двајцата слатко се изнасмеаја, веројатно незнаејќи дека камерите тоа го снимаат.