ФОТО: Диего не е хоспитализиран, веќе пристигна во својата база во Москва

Диего Армандо Марадона е добро и веќе се врати од Санкт Петербург во Москва, објави Телесур, телевизијата за која аргентинската легенда е стручен коментатор за време на Светското првенство. Со фотографија на продуцентите на неговото шоу, а потоа и од авионот за враќање во неговата база во главниот град, Марадона ги демантираше шпекулациите дека е хоспитализиран и дека ќе остане во Санкт Петербург.

И неговата ќерка Далма на социјалните мрежи објави дека Диего е добро и дека не се точни информациите за влошување на неговата здравствена состојба. Марадона се пожали на шок по завршувањето на натпреварот Аргентина - Нигерија и уште на стадионот му беше укажана помош.

Сепак, стигнаа вести дека тој не се ни задржал в болница, туку брзо се вратил во Москва, каде утре треба да биде домаќин-гостин во своето шоу на Телесур заедно со легендарниот коментатор, Виктор Хуго Моралес.