Диего Коста заврши „под нож“, на терените се враќа по два месеци

Проблемите за Диего Симеоне и Атлетико Мадрид од ден во ден се сè поголеми. По незгодните повреди на целата прва дефанзивна постава (Филипе Луис, Годин, Хименез и Хуанфран), „јорганџиите“ во следниот период ќе бидат ослабени и со првиот голгетер Диего Коста. 

Шпанскиот репрезентативец по мечот со Џирона се пожалил на нови болки во левото стапало, па лекарскиот тим на Атлетико се реши да го прати на операција, која утрово беше извршена во Бразил. Сега, пред Коста претстои двомесечна пауза од фудбалските терени, што значи во стројот на Симеоне ќе се врати за време на осминафиналето во Лигата на шампионите. 

Освојувачот на овосезонскиот Суперкуп на УЕФА, оваа сезона игра во променлива форма, но сепак со шест победи, седум реми средби и еден пораз, високо котира на табелата во Примера (трето место).