Диего Коста се враќа во Премиер, го одби Евертон за да потпише за „волците“!

Диего Коста гол

Еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, Диего Коста е на чекор до свое враќање во највозбудливото фудбалско натпреварување, Премиер лигата. 

30-годишниот Бразилец со шпански пасош, по неуспешната втора авантура во Атлетико Мадрид, многу веројатно повторно ќе заигра во англиската елита, но овој пат во редовите на Вулверхемптон. 

Веќе е познато дека фудбалскиот агент Хорхе Мендез ги држи сите конци кога во прашање е трансфер-пазарот на „волците“, па наводно Коста на крај се решил да се пресели во овој тим, иако имаше солидна понуда и од попознатиот Евертон. 

Во својата богата кариера Коста три сезони настапуваше за Челзи и двапати ја освои Премиер лигата и постигна 52 гола.