Диего Коста опериран, ќе паузира минимум три месеци

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста успешно е опериран на оштетениот вратен пршлен. Клубот од Шпанија во денешното соопштение напиша дека операцијата минала без проблеми, но не наведе колку Коста треба да паузира. 

  • Официјалното соопштение на Атлетико Мадрид на Твитер:

Иако се шпекулираше дека доколку се оперира, сезоната за Коста е готова, сепак според шпанските медиуми тој би требало за околу три месеци да се врати на тренинзите.

Бразилецот со шпански пасош оваа сезона не успеа да ја врати формата од минатите и стручниот штаб е незадоволен од неговите игри. Шпанскиот репрезентативец, роден во Бразил требаше да го замени Гризман кој замина во Барселона, но на 15 средби тој постигна само два гола и подели две асистенции. 

Диего Коста имаше за цел оваа сезона да го убеди селекторот на Шпанија дека е доволно добар за настап на Европското првенство, но оваа повреда значително ги намали неговите шанси за настап.