• Зоран Мишевски
Најдобриот фудбалер на Светското првенство во Јужна Африка 2010 година и напаѓач на Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико Мадрид, Интер и Пењарол, Диего Форлан кариерата ќе ја продолжи во норвешкиот тим Сандефјорд.
Уругваецот до пред неколку месеци настапуваше во Индија, но не размислува за пензија.
„Можам да потврдам дека тој е подготвен да дојде кај нас. Треба да бидеме реални, станува збор за големи пари за норвешкиот фудбал. Диего има 38 години, но тој е најголем професионалец кој сум го видел. Ќе донесе квалитет во нашиот тим, иако не играл шест месеци”, рече спортскиот директор на Сандефјорд, Тери Ливрод.
Деновиве се очекува потврда на трансферот кој треба да го подигне нивото на норвешкиот фудбал и националниот шампионат.