Дибала загуби трпение и влезе во конфликт со управата на Јуве

Дибала

Пауло Дибала наводно влегол во конфликт со спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи, со кого разменил „тешки“ зборови.

Аргентинецот не е задоволен од третманот кој го добива од новиот тренер Андреа Пирло. Шанса за докажување не доби ниту на дуелот со Кротоне, на кој „старата дама“ освои само бод.

Федерико Киеза заработи црвен картон и го остави својот тим на цедило, а аргентинскиот репрезентативец остана на клупата, иако е максимално подготвен за да помогне. Дибала долго време се поврзуваше со трансфер надвор од Торино. За него имаше голем интерес од неколку европски гиганти, но во последен момент ја убеди управата со својата одлична форма во еден дел од ланската сезона.

Останува да се види дали нешто ќе се промени во плановите на Пирло, кој има големи дилеми, кога е во прашање офанзивата во својата екипа.