• Горан Упале
Големите римски ривали Рома и Лацио вечерва забележаа триумфи во своите натпревари од 10. коло во италијанската Серија А.
Рома по катастрофалниот пораз во претходното коло од Фиорентина со 5-1 на својот „Олимпик“, минимално со 1-0 го совлада Торино. Тимот чиј тренер е Иван Јуриќ, кој пред Рома беше тренер на Торино, до победата стигна благодарение на голот на првата ѕвезда на тимот Пауло Дибала, кој постигна прекрасен гол во 20. минута.
- Рома - Торино 1-0:
Лацио, пак, забележа многу поубедлива победа, откако на гости кај Комо славеше со 1-5. Избраниците на тренерот Марко Барони продолжија со добрите игри сезонава, а головите на вечерашната средба ги постигнаа Кастељанос (2), Педро, Булаја Ди и Чауна.
- Комо - Лацио 1-5:
За домашниот тим почесниот погодок го постигна Лука Мацители, а двата тима натпреварот го заврши со десет фудбалери во поле, откако црвени картони заработија Матијас Браундер во 62. минута за Комо, а потоа и дефанзивецот на Лацио, Таварес.