ВИДЕО: Диаз како „брзата птица итрица“ –  спринт во 122. минута и гол за печат на победата на Реал!

Екипата на Реал Мадрид е првиот финалист во Суперкупот на Шпанија, откако во синоќешното полуфинале по продолженијата славеше победа над Атлетико Мадрид од 5-3. 

Дуелот во Ријад донесе многу возбудувања и еден незаборавен момент, кој што се случи во самиот финиш. Имено, во 122. минута, кога Атлетико буквално со сите играчи тргна по израмнување и пенали, Брахим Диаз со неверојатен спринт го претрча излезениот Облак и од голема далечина ја смести топката во празната мрежа на противникот.

  • Спринтот на Диаз и голот за печат на победата на Реал Мадрид:

„Кралевите“ во финалето ќе се судрат со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Барселона и Осасуна.