• Горан Упале

Екипата на Ливерпул експресно им се врати на победите во Премиер лигата, откако во првиот денешен натпревар од 25. коло во англискиот шампионат пред својата публика со 2-1 славеше во соочувањето со Вулверхемтон.
- Извештај од натпреварот:
По шокантното реми на последното „Мерсисајд“ дерби на „Гудисон Парк“ и примениот гол длабоко во судиското надополнување, момците на Арне Слот фуриозно го отворија натпреварот со „волците“.
Лидерот до посакуваното водство стигна по само петнаесет минути, откако Диаз ја стресе гостинската мрежа, а најдобриот фудбалер во Премиер лигата оваа сезона, Мохамед Салах со својот 23. овосезонски погодок зголеми на 2-0, резултат со кој се замина на одмор.
На стартот од вториот дел двајцата тренери направија по три замени и настаните на теренот драстично се променија – Вулверхемптон имаше целосна доминација, но тоа резултираше со само еден постигнат погодок. Конечните 2-1 ги постави Матеус Куња во 67. минута. До крајот на средбата Ливерпул можеше да остане и без трите бода, откако Мунетси од непосредна близина не ја зафати најдобро топката и не реализираше за нов шок за фаворитот. Инаку, вторите 45 минути беа најлошите на Ливерпул во ерата на Арне Слот. Во статистичките табели имаше само нули со неверојатно ниски 0.02 очекувани погодоци.