ВИДЕО: Диаз и Салах го израдуваа Клоп на „Амекс“ кај Брајтон

Фудбалерите на Ливерпул се вратија на победите и се радуваа на гостувањето на „Амекс“ кај Брајтон со 0-2 (0-1). Откако загубија пред четири дена од Интер и ја прекинаа серијата од петнаесет натпревари без неуспех, сепак момците на Јирген Клоп покажаа дека сè уште се спремни да се борат со Манчестер Сити за тронот. Од друга страна, Брајтон го запиша петтиот неуспех во низа во Премиер лигата. 

  • Извештај од натпреварот: 

„Црвените“ уште од стартот се наметнаа и притискаа за погодок. Сепак, мрежите мируваа до 19. минута кога Луис Диаз го отвори резултатот. Колумбиецот пожртвувано влета во дуел со голманот Санчез, а иако настрада и доби удар, успеа да ја смести топката во голот за 0-1.

Ситуацијата при голот на Ливерлул се проверуваше во ВАР собата и голманот Роберт Санчез беше под закана за црвен картон, меѓутоа не дојде до таква одлука. 

Во продолжението гостинот одигра сигурно, се закануваше преку Мане кој не успеа да погоди, па по еден час игра доби и пенал. Од единаесер метри сигурен беше Мохамед Салах постигнувајќи го својот дваесетти погодок оваа сезона и Ливерпул од 61. минута водеше со 0-2. Клоп направи измени и фаворитот рутински го затвори дуелот во своја корист. 

Ливерпул се вклучи полноправно во трката за титулата во Премиер лигата бидејќи има само три бода помалку од Манчестер Сити, а им следи директна пресметка.

Состави

Graham Potter

3-5-2

    Јирген Клоп

    4-3-3