Диаз: Душата ме боли, ви се извинувам од дното на моето срце!

Со неуспешната „паненка“ Брахим Диаз стана трагичарот на Мароко, кој беше поразен од Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нациите.

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид ако го реализираше пеналот најверојатно ќе го донесе дома долгоочекуваниот трофеј, но ударот од 11 метри го изведе ноншалантно и Менди ја фати топката жива. По големата глупост и неколку дневниот молк тој одлучи да проговори и да им се извини на мароканските навивачи.

„Душата ме боли. Сонував за оваа титула благодарение на целата љубов што ми ја дадовте, на секоја порака, на секој знак на поддршка што ме натера да се чувствувам дека не сум сам. Се борев со сета моја сила, со срцето пред сè. Вчера не успеав и ја преземам целосната одговорност, и се извинувам од дното на моето срце.

Ќе биде тешко да се опоравам, бидејќи оваа рана не заздравува лесно, но ќе се обидам. Не за себе, туку за сите што веруваа во мене и за сите што страдаа со мене“, меѓу другото напиша Диаз.

Инаку, финалниот натпревар заврши со минимална победа на Сенегал од 1-0, со гол постигнат во продолжението.