• Саше Љолес
Колумбиската ѕвезда на Баерн Минхен, Луис Диаз, одлично го започна натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите и двапати стрелаше за баварскиот гигант, но потоа направи еден непромислен потег, со кој го остави својот тим на цедило.
Диаз стрелаше во четвртата и во 32. минута, но потоа направи несмасен старт врз Ашраф Хакими, а по прегледувањето на ВАР-снимката, му беше покажан директен црвен картон.
Баерн Минхен е во прилично комотна ситуација со двојната предност во Париз, но останува да видиме дали ќе успее да ја сочува со играч помалку на теренот.





