• Иван Димовски
Фудбалерите на Бетис освоија бод во дуелот со Барселона, играјќи реми од 2-2 (0-1) во натпреварот од 16. коло на шпанската Примера. Со гол во четвртата дополнителна минута домаќинот на „Бенито Виљамарин“ стигна до бод против фаворитот.
- Извештај од натпреварот:
Поведе Барселона преку искусниот Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач по асистенција од Жул Кунде погоди во 39. минута од натпреварот (0-1). Во вториот дел Ханси Флик „поцрвене“ поради приговор откако домашните добија пенал. Сигурен егзекутор од единаесет метри за израмнување беше Џовани Ло Селсо кој стрелаше за 1-1 во 68. минута.
Следеше серија промени, а ново гостинско водство донесе Феран Торес. Шпанското крило во 82. минута го матира домашниот голман за 1-2. Во долгото судиско продолжение Асане Диао заврши голема работа, бидејќи со пета постигна гол за 2-2 во 94. минута.
Барселона со 38 бода е водечка во Шпанија, меѓутоа сега Реал Мадрид пак има шанса да ги премине на табелата, но за тоа ќе мора да слави на заостанатите натпревари на гостински терен во Валенсија и Џирона.