• Иван Димовски
Фудбалерите на Хајдук славеа на гостувањето кај Славен Белупо со 0-2 во 10. коло на ХНЛ. На оваа средба поништен гол имаше македонскиот интернационалец Илија Несторовски уште во 15. минута, а прашина крена првиот погодок на тимот од Сплит.
Имено пред Стипе Биук да го постигне водечкиот гол, Диало со отворен ѓон го удри Босец. Иако прво ја погоди топката, ударот беше навистина остар и делуваше опасно.
Играчите на Славен протестираа, меѓутоа ВАР остана нем и го потврди голот на Хајдук.